Промоција и приближување на програмата Еразмус+ до непосредните корисници

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/04.12.Dztill006-768x432[1].jpgПеток, 6 декември 2019 година

На 4 декември, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,  се одржа работна средба со директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова.

На средбата, освен проректорот и институционалниот Еразмус+ координатор на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски, беа присутни продекани за настава, за меѓународна соработка и факултетските Еразмус+ координатори, кои имаа можност да се запознаат со новините и начините за поголемо искористување на можностите  во оваа најголема европска образовна програма.

Со овој настан, но и со серијата работилници што ќе се случуваат, Универзитетот продолжува во континуитет да обезбедува соодветно следење на сите клучни акции од програмата. 

Директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, меќу другото изјави дека Битолскиот универзитет е првиот во државата кој ја препозна потребата од предвремено советување со Националната агенција, дека средствата за Еразмус од страна на Македонија не се целосно искористени.

Во последниве неколку месеци речиси сите знаат дека средствата за Еразмус на ниво на ЕУ ќе се зголемат двојно, а можеби и тројно затоа што Европскиот парламент инсистира на уште повеќе средства, а тоа значи дека ЕУ ќе биде исправена со еден огромен предизвик како да потроши толку многу пари. Станува збор за огромни средства кои ќе бидат ставени на располагање на образованието. Во Македонија, за жал, овие средства што и до сега ги имавме не беа добро искористени, не беа целосно искористени, тие беа добро меѓутоа капацитетот не беше доволно голем иако морам да признам дека УКЛО не стои така лошо во однос на другите универзитети, меѓутоа ме радува фактот што конечно побара да чуе што се случува и да се вклучиме во тој процес на дијалог со Европската комисија и градење на капацитетите на универзитетот за да го зголемиме апсорпцискиот капацитет на универзитетот за утре да може да ги апсорбираме благовремено тие средства.

Токму и тоа ќе разговараме денеска како може да се подобри работата на универзитетот. Ќе ги споделиме идеите околу подобрување на некои од работите што можат да имаат драматично зголемување на тие капацитети, па ќе видеме што ќе произлезе и се надевам дека од следната година ќе почнеме многу повеќе да соработуваме, изјави директорката Лидија Димова.

Таа, меѓу другото, за периодот што следи, зборуваше за зголемениот буџет што Европската комисија ќе го алоцира во Еразмус+ програмата и што од своја страна ќе предизвика мотивирање на корисниците, програмските земји меѓу кои е и Република Северна Македонија за нивно соодветно искористување. 

Во својата исцрпна презентација, директорката Димова се осврна на главните аспекти на програмата, а одговараше и на бројните прашања од присутните коишто со интерес го проследија нејзиното излагање. 

Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, активностите што се преземаат се во функција на подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и се дел од севкупниот комплексен процес на интернационализација.

Имајќи го предвид значењето на европските програми, оваа средба е еден од начините за нејзина поголема промоција и приближување до непосредните корисници: студентите и професорите на УКЛО.

Во овој контекст, а како дел од вообичаеното процесуирање на програмата, на веб- страницата на УКЛО е објавен и Прелиминарниот Еразмус+ Повик за  изразување интерес за мобилност за академската 2020/2021. 

Со овој настан, но и со серијата работилници што ќе се случуваат, Универзитетот продолжува во континуитет да обезбедува соодветно следење на сите клучни акции од програмата. За време на посетата беа разгледани и можностите за интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус + соработка и размена на студенти и професори. Имајќи го предвид значењето на европските програми од доменот на високото образование, меѓу кои и најголемата програма Еразмус+, се работи на потребата од нејзина промоција и приближување до непосредните корисници студентите и професорите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/317913-0.Basic-Bitola[1].jpg

Назад