Промовирана новата програма Европски солидарен корпус

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/78844311_1387060724795196_571113028393631744_n1.jpgСабота, 21 декември 2019 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 10 декември, заедно со Секретаријатот за европски прашања и  Министерството за образование и наука, ја промовира новата програма во која пристапи нашата држава - Европски солидарен корпус (ЕСК).

Програмата Европски солидарен корпус (ЕСК) почна со имплементација во октомври 2018 година и таа беше достапна само за државите членки на ЕУ, а по иницијатива на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше потпишан договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен корпус.

Промоторите на програмата, директорката на НАЕОПМ Лидија Димова, вицепремиерот Османи и министерот Арбер Адеми, посочија дека членството во оваа нова програма отвора големи можности за учество на нашите млади во волонтерски активности, каде преку неформално образование ќе може да стекнат вештини и компетенции за нивниот личен, образовен, социјален, граѓански и професионален развој, со што би се подобрила и нивната подготвеност за вработување и нивниот статус како активни граѓани, а воедно би се унапредиле нивните животни шанси.

Притоа, тие истакнаа дека програмата се совпаѓа и со владиниот проект Младинска гаранција.

Секоја јавна или приватна организација која има Еразмус+ волонтерска акредитација или Ознака за квалитет и е законски основана во држава учесничка (државите членки на ЕУ, плус Исланд, Република Северна Македонија и Турција) може да учествува и да аплицира во НАЕОПМ за солидарни проекти во траење до 12 месеци.

Проектите треба да се однесуваат на предизвици на локалната средина, но истовремено да промовираат европски вредности.

Единственото државно училиште што добило ваква апликација од нашата држава е посебното училиште „Златан Сремац“.

За периодот 2018-2020 година, програмата на ЕУ - Европски солидарен корпус има буџет од 375,6 милиони евра.

Од нив 90 отсто се за волонтирање и 10 отсто за практикантство и работни места.tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/79774667_1387060788128523_4673965307667152896_n1.jpg

 

Назад