Публикација на Евридика: Кариера како наставник во Европа - Пристап, напредување и поддршка

tl_files/docs/eplus/eurydice/2018pub/Teaching Careers in Europe - Cover Vignette.jpgВо време кога важност на наставниците станува очигледно зголемена, кои се главните предизвици за професијата наставник поврзани со побарувачка и обезбедувањето на соодветен број на наставници? Како образовните системи им пристапуваат на овие прашања? Кои се условите за да некој стане наставник? Која е поддршката што ја добиваат наставниците? Кои се можностите за кариера во оваа професија?

Компаративниот преглед на националните политики за кариерата на наставниците во Европа, кој што покрива 43 европски образовни системи, обезбедува анализа на различни аспекти на професијата наставник. Извештајот се фокусира на основното и општото средно образование. Главните теми вклучуваат: планирање однапред и главни предизвици во побарувачката и обезбедувањето на соодветен број на наставници, влез во професијата наставник и мобилноста на наставниците, професионален развој и поддршка, кариерен развој и оценување на наставниците.

Прочитајте го извештајот и откријте ги одговорите на овие прашања.

Назад