Публикација на Евридика: Краток преглед за клучните податоци за учењето јазици во училиштата во Европа

Во ера во која учењето повеќе јазици е потреба за многу луѓе и нуди бескрајни можности за сите, се случија повеќе реформи во последните години во однос на учењето на странски јазици. Овој нов Краток преглед за клучните податоци за учењето јазици во училиштата во Европа во рамките на Евридика е дополнение на деталниот извештај за учењето јазици во училиштата во Европа и содржи и информации за истражувачките процеси и ЕУ документите. Тој го прикажува статусот на постојните политики за клучните аспекти за учењето и наставата за странски јазици и завршува со понатамошни насоки кои што во иднина  би можеле да се истражат со цел да се охрабри наставата и учењето странски јазици во основните и средните училишта.

Овој краток преглед е поставен околу пет клучни ЕУ и национални теми за учењето странски јазици: значењето од учењето странски јазици уште од најрана возраст; опсегот на странски јазици што ги учат учениците во училиште; наставата по странски јазици со особен фокус на наставниците и нивните посето во странство заради професионален развој и CLIC (Content and Language Integrated Learning) како пристап во наставата; очекуваните нивоа на постигања на учениците за владеење на странски јазици; мерките за јазичната поддршка за да се олесни интеграцијата на новодојдените ученици-мигранти.

Назад