Работен состанок со директорката на Националната агенција на Бугарија

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/Dzofija/Dzofija072018.jpgСреда, 11 јули 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, одржа состанок со директорката на Националната агенција на Бугарија, г-ѓа Татиана Калканова.

Состанокот се одржа на 6 јули 2018 година, во просториите на Националната агенција на Бугарија, во Софија, на кој присуствуваа и Лулеса Илјази и Милена Петрушевска.

На состанокот беа иницирани повеќе теми за идна соработка и заеднички настап. Исто така, беа дадени и совети за најдобри практики од спроведувањето на Еразмус+ програмата.

Назад