Работилници за секторската програма Леонардо да Винчи

    Во рамките на секторската програмата Леонардо да Винчи, во месец ЈАНУАРИ ќе се одржаатработилници во просториите на Националната Агенција кои ќе имаат за цел да ги информираме корисниците за начинот на пополнувањето на апликациите, како и да се обезбедат одговори на нејасните прашања во врска со пополнувањето на апликациите. 
За времетраењето на една работилница, корисниците ќе имаат можност да добијат прирачници, водичи, информации за крајните рокови, како и да се осигураат кои документи се потребни да се поднесат заедно со апликацијата. Воедно,  корисниците имаа можност и да потврдат дали ја користат правилната форма на апликацијата.

Датуми на кои ќе се реализираат работилниците:

Од 11 до 17 јануари 2012 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

Ве молиме потврдете го Вашето присуство на следните електронски адреси:

lulesa.iljazi@na.org.mk

despina.srbinovska@na.org.mk

Назад