Работна посета на Националната агенција во Малта

Вторник, 24 септември 2019 годинаtl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/71203576_419560055430326_1390634303624314880_n.jpg

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ца Драгица Ивановска и г-ѓа Мартина Најдоски, од 3 до 4 септември, беа во работна посета на Националната агенција во Малта.  

Посетата се одржа помеѓу вработените одговорни во областа на училишното образование.

За време на состанокот беа опфатени теми за подобрување и менаџирање на проектниот циклус на одобрените проекти, подобрување на административни проблеми, комуникација со корисници, примарни проверки, финални извештаи, како и следење на дисеминацијата на проектите.

Резултатите кои произлегоа од средбата ќе се разгледуваат како примери за добра пракса, кои ќе најдат примена во работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со цел подобрување на квалитетот во работата.

Назад