РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС+, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Среда, 13 март 2019 година

На 12 март 2019 година, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше одржана работилница за клучните акции на Еразмус+ програмата, како и за мрежите еТвининг и Европас.

На работилницата присуствуваа 32 претставници од училишта за деца со пречки во развој при Град Скопје: ПОУ„Д-р Златен Сремац“,  ДСУ „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“, ДУЦОР „Партенија Зографски“.

Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и можностите кои ги нудат мрежите еТвининг и Европас за наставниците и за учениците.

На презентацијата претставничките од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:  г-ѓа Мила Протугер Анастасова, г-ѓа Анабела Н. Петрески, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска и г-ѓа Марија Стефковска имаа свои излагања, при што ги запознаа присутните со можностите што ги нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Исто така, на оваа работилница беа поканети амбасадорката, г-ѓа Олгица Бајалџиева и наставничката, г-ѓа Александра Митровска од ООУ „Петар Поп Арсов“, кои на присутните им ги објаснија можностите што еТвининг им ги нуди на  наставниците.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/pou/IMG_9309.JPG

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/pou/IMG_9315.JPG

Назад