РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД ПРОГРАМСКИ ДРЖАВИ КОИ ВО МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС +

Вторник, 11 ноември 2018 година

Од 2 до 4 декември во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше редовна обука за волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Македонија преку програмата Еразмус +.

Обуката по пристигнување на волонтери се одржа од 2 до 4 декември 2018 г. во Скопје,  хотел “Александар II”-Скопје.

На обуката учествуваа волонтери кои се на почеток со волонтерски активности, и тие за време на обуката преку различна методологија имаа можност да добијат дополнителни информации за програмата Еразмус+; да се запознаат со стуктурата, улогата и одговорностите на сите вклучени страни во проекти за волонтерство; да научат како да решаваат конфликти; да научат како се подготвува Youthpass сертификат, со кој се верификуваат сите стекнати вештини за време на волонтерските активности на секој волонтер.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/volonteri/48277575.jpg

Назад