РЕАЛИЗИРАНИ ДВЕ ОБУКИ ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД ПРОГРАМСКИ ДРЖАВИ КОИ ВО МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/volonteri/44942073_691050757947721_7403098453665906688_n.jpgПонеделник, 29 октомври 2018 година

Од 19 до 22 октомври 2018 година во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше 2 редовни обуки за вкупно 10 волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Македонија преку програмата Еразмус+.

Првата обука по пристигнување на волонтери се одржа од 19 до 21 октомври 2018. На оваа обука учествуваа волонтери кои се на почеток со волонтерски активности и за време на обуката преку различна методологија волонтерите имаа можност да добијат дополнителни информации за програмата Еразмус +; да се запознаат со стуктурата, улогата и одговорностите на сите вклучени страни во проекти за волонтерство; да научат како да решават конфликти; да научат како се подготвува Youthpass сертификат со кој се верификуваат сите стекнати вештини за време на волонтерските активности на секој волонтер.

Втората обука за волонтери се одржа од 21 до 22 октомври 2018. На оваа обука учествуваа волонтери од програмски држави кои имаат волонтерски активности подолго од 6 месеци.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/volonteri/44948247_247623152588242_8233236978246615040_n.jpg

За време на обуката учесниците имаа можност да направат анализа на резултатите и да ги идентификуваат можностите за подобрување на активностите во проектите; да направат анализа на личните вештини со кои се стекнале во првите месеци и како да ги подобрат личните резултати; да добијат информации за можности за иден личен развој по завршување на проектите каде учествуваат во волонтерски активности.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/volonteri/45071933_271095240205880_1552321560117772288_n (1).jpg

Назад