Реализирани две редовни обуки кои се составен дел од волонтерските проекти

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/74269098_1012184255818275_7064390907432271872_n.jpgСреда, 4 декември 2019 година

Во период од 2 до 5 декември, во Битола, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализира две редовни обуки за волонтери кои се вклучени во волонтерски активности во Република Северна Македонија финансиски поддржани преку програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус.

На обуките учествуваа 14 волонтери од пет држави Турција, Финска, Франција, Германија и Полска. Осум волонтери учествуваа на Обука по пристигнување и шест волонтери учествуваат на обука за среднорочна евалуација.

Обуката по пристигнување беше реализирана во период од 2 до 4 декември, каде учествуваа  волонтери кои се на почеток со волонтерски активности.

За време на обуката волонтерите имаа можност да споделат свои искуства од волонтерските активности.

Исто така, на обуката волонтерите можеа да дознаат повеќе за можностите на програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус со посебен акцент на значењето на волонтирањето, улогата и одговорностите на сите вклучени страни во проекти за волонтерство, потоа структурата на ЕВС/ЕСК, буџетските правила и прифатливите трошоци, значењето на YouthPass сертификатот и како се користи осигурувањето, фазите на имплементација на проектите, потоа процесот на интеркултурното учење и која е улогата на Националната агенција.

Обуката за среднорочна евалуација се одржа во период од 4 до 5 декември и на обуката присуствуваат волонтери кои се повеќе од 6 месеци на волонтерски активности.

Учесниците имаат можност да ги споделат практиките за нивните волонтерски проекти, потоа се дискутира за тоа како да го подобрат квалитетот на нивниот ЕВС/ЕСК проект и кој е нивниот придонес, и за нивните идни можности во рамките на програмите на ЕУ.

Овие обуки се составен дел од волонтерските проекти кои се задолжителни и служат за  поддршка на волонтерите во рамките на ЕВС/ЕСК проектот.

Назад