Реализирани две задолжителни обуки „On arrival” & „Mid-term evaluation”

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/70805487_679939515853691_4162635784492417024_n.jpgВторник, 24 септември 2019 година

Во период од 17 до 20 септември, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше две задолжителни обуки, кои се одржаа во просториите на Националната агенција во Скопје.

Обуките беа наменети за волонтерите кои извршуваат активност во Република Северна Македонија финансирани од програмата Еразмус плус и Европски солидарен корпус.

На обуките „On arrival” & „Mid-term evaluation” присуствуваа 10 волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Република Северна Македонија преку програмата Еразмус + и Европски солидарен корпус.

На двете обуки учествуваа волонтери кои се на почеток, или активно се вклучени повеќе од 6 месеци, на волонтерски активности во државата. За време на обуките преку различна методологија волонтерите имаа можност:  

  • да се запознаат со улогата, правата, обврските и одговорностите на сите вклучени страни во проекти за волонтерство;
  • да научат како да решаваат конфликти доколку се најдат во таква ситуација;
  • да добијат информации за процесот за добивање на виза за престој во државата;
  • да дознаат која е улогата на Националната агенција и како да комуницираат со одговорно лице;
  • да ги презентираат тековните проекти каде се вклучени како волонтери.

 

Назад