СЕ ОДРЖА ЕВРОГАЈДЕНС КРОС БОРДЕР СЕМИНАР

Среда, 15 мај 2019 година

На 14 и 15 мај во Блед, Словенија, се одржи Еврогајденс Крос бордер семинар на тема Вештини за во иднина.

Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на овој семинар присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска, вработена во Еврогајденс центарот.

Семинарот го отворија директорката на Агенцијата за вработување во Словенија, координаторот на Еврогајденс мрежата во Словенија и претставникот на Европската комисија во Словенија кои имаа воведен говор.

Потоа следуваа презентации, па сесии со работилници кои беа интерактивни. Исто така, на овој семинар се споделија и искуства за кариерно советување на сите групи од ученици, наставници до студенти и итн.

Исто така се разговараше и за идните професии, и какви сè вештини и квалификации треба да имаме и ние. Сепак, посебен акцент се стави на младите лица како што се учениците и студентите.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/may/4267381335238115328_n.jpg

Назад