Што има ново во образованието и негата во раното детство? Препорака на Советот за висок квалитет и Извештај за клучни податоци на Евридика за 2019 година – видео-презентација

13-09-2019 12:34

Соглсно европскиот столб за социјални права, во кој се наведува дека „децата имаат право на образование и на нега во раното детство со висок квалитет коишто се достапни“, Советот на 22 мај 2019 година донесе препорака за „Висококвалитетни системи за образование и нега во раното детство“. Избраната претседателка Урсула фон дер Лејен, во нејзината „Агенда за Европа“ најави соодветна инвестиција од Европскиот социјален фонд+ за подобрување на квалитетот и пристапноста до системите за образование и нега во раното детство.

Говорниците на конференцијата Софија Ериксон Ватершот, директорка и Жералдин Либро, офицер за политики за образование и нега во раното детство ќе ја презентираат Препораката на Советот (линк Council recommendation) со посебен осврт на Рамката за квалитет на ЕУ и на акциите што треба да се спроведат низ Европа за да им се даде најдобар почеток на животот на сите деца и семејства.

За да го поддржи разбирањето на секторот и да го набљудува неговиот напредок, Аквиле Мотиејунаите од Евридика ќе го презентира извештајот Клучни податоци за образование и нега во раното детство (линк Key Data on ECEC) (изданието за 2019 година), нагласувајќи ги успесите и предизвиците на различните системи за образование и нега во раното детство во Европа.

Кога?

17 септември 2019

12.30-14.00

 

Јазик?

Англиски

 

Веб стриминг?

Настанот можете да го следите она следниот линк:

https://webcast.ec.europa.eu/presentation-of-the-council-recommendation-and-the-eurydice-key-data-on-early-childhood-education-and-care-17-09-19

Назад