Соопштение до сите младински организации кои имаат тековна ЕВС акредитација

Се повикуваат сите здруженија на граѓани кои имаат валидна ЕВС акредитација  за организација домаќин и организација испраќач на волонтери,  но немаат акредитација за координатор организација да поднесат повторно апликација за акредитација за организација домаќин, организација испраќач и организација координатор за волонтери. 

Согласно правилата на програмата Еразмус + и Водичот за апликанти 2018 година сите потенцијални апликанти за волонтерски проекти во КА1 мора да поседуваат Акредитација за т.н. координатор организација. Освен за тековната Еразмус +програма поседување на валидна акредитација е потребна и за European Solidarity Corp програмата која ќе биде достапна за Македонија во рокот за аплицирање во октомври 2018.     

КА110 ЕВС акредитација е процес кој трае 6 недели од денот откога ќе ја поднесете апликацијата за ЕВС акредитација.  По добивање на апликацијата се проверува техничка исправност на истата, се договара посета на Вашата организација/институција на лице место (каде се проверува капацитетот на организацијата и познавањето на организацијата  за волонтерски активностите и одговорностите за волонтери). 

На следниот линк се наоѓа  Водич за програмата за 2018 каде од стр. 281-285 се наоѓаат информации за ЕВС Акредитација.   

http://na.org.mk/tl_files/docs/eplus/epdocs/EP-GUIDE/2018-erasmus-plus-programme-guide_VERDzION_2_en.pdf

на следниот линк се наоѓа Водич за пополнување на апликација:

https://webgate.ec.europa.eu/fpfis/wikis/display/NAITDOC/Forms+-+Index+-+KA110+Accreditation+of+youth+volunteering+organisations

Процесот за аплицирање е електронски и нема рокови во кои треба да аплицирате. Апликацијата ја поднесувате во период и датум кој Ви одговара.

Откако ќе го завршите овој процес и добиете ЕВС Акредитација тогаш ќе можете да аплицирате за проекти за волонтерски активности. 

Назад