Соопштение на европската комисија / 13 јуни 2014

Одложување на склучувањето на грант договорите

Еразмус+ 2014 повикот за Клучните акции 1, 2 и 3 стартуваше успешно . Европската комисија и Националните агенции примија голем број на апликации и сме задоволни што гледаме голема потреба од Еразмус+ низ цела Европа.

Сепак, поради бројни технички проблеми некои Национални агенции можеби нема да бидат во ситуација да ги потпишат грант договорите пред почетокот на соодветните Клучни акции.

Во ситуација каде што националните агенции ја финализирале селекцијата за соодветните акции и ги известиле апликантите за резултатите, успешните апликанти можат, зависно од Клучната акција и полето, да започнат со имплементација на активностите, и тоа од:

  • 01/06/2014 – за проекти Клучна акција 1 во областа на образованието и обуката;
  • 17/06/2014 – за проекти Клучна акција 1 во областа младите;
  • 01/08/2014 – за проекти Клучна акција 3;
  • 01/09/2014 – за проекти Клучна акција 2.

Грант договорите потпишани од Националните агенции после овие датуми ретроактивно ќе ги покријат одобрените активности од назначениот датуми за почеток, под услов дека тие ќе почитуваат одредбите од последователните грант договори.

Грант договорите поврзани со апликациите поднесени за Клучна акција 1 (со рок за поднесување 17/03/2014, продолжен до 24/03/2014) ќе бидат издадени од Националните агенција помеѓу крајот на јуни и средината на јули.

Грант договорите за апликациите за Клучна акција 2 и Клучна акција 3 (краен рок за поднесување 30/04/2014) ќе бидат издадени помеѓу крајот на август и средината на септември.

Повеќе информации за обрасците на грант договорите се достапни на веб порталот во секцијата за програмскиот водич.

Европската комисија и Националните агенции во меѓувреме ќе продолжат со процесирањето на апликации, и ќе ги информираат апликантите за резултатите од селекцијата во најкраток можен рок.

 

Во оригинална верзија соопштението е достапно на: http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/news/2014/0613-grant-agreement-delay_en.htm

Назад