Соопштение за медиуми

26-05-2014 16:19

Почитувани,

Амбасадорот во Мисијата на Република Македонија во Европската унија,    Д-р. Андреј Лепавцов во име на Република Македонија и г-дин Јан Трушчински, Генерален Директор во Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија во име на Европската унија денес го потпишаа Меморандумот за разбирање за учество и имплементација на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС 2014-2020 во Република Македонија. Активно учество во подготовката и реалзацијата на овој процес имаше Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Дарко Димитров, кој воедно присуствуваше на чинот на потпишување на Меморандумот.

Преку имплементацијата на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС во Република Македонија ќе се обезбеди огромна поддршка на образованието, обуката, младите и спортот. ЕРАЗМУС ПЛУС ќе придонесе кон надградба на институционалните капацитети како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на образованието обуката младите и спортот.

Голем број на млади луѓе, студенти и возрасни ќе добијат искуство и вештини за учење, обука или волонтерство во земјите учеснички во Програмата.

Оваа програма ќе поддржи институции и организации да работат со соработници во други земји за да ги иновираат и модернизираат праксите за учење и младинска работа.

Во целост, фондовите кои ќе бидат на располагање од ЕРАЗМУС ПЛУС ќе бидат наменети за:

  • Промовирање на мобилноста на студенти, ученици, наставници и друг образовен кадар, млади луѓе во младински размени, младински лидери и волонтери;
  • Создавање или подобрување на партнерствата помеѓу институциите и организациите во образованието, обуката и младите;
  • Поддршка на дијалогот со цел да се извршат реформи во системите на образование, обука и млади. 

Во Република Македонија надлежна институција за имплементирање на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Слики од настанот можете да видите на следниот линк.

 

Изјава од Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Дарко Димитров

 

      Националната агенција ќе ја имплементира програмата ЕРАЗМУС ПЛУС на национално ниво, а со тоа сите отворени акции ќе бидат достапни за македонските студенти, професори, наставници, ученици, младински работници и други заинтересирани лица.

      Националната агенција во сорабтка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, како и Европската Комисија во изминатиот период напорно работеше на остварување на сите неопходни критериуми за полноправно учество на Република Македонија во програмата ЕРАЗМУС ПЛУС.

Полноправното учество на Република Македонија, како програмска земја, значи еднаков пристап до сите можности кои ги нуди програмата ЕРАЗМУС ПЛУС за македонските институции, подеднакво како и институциите од ЕУ земјите учеснички.

Полноправното учеството на Република Македонија во водечката програма на Европската унија наменета за образование, обука, млади и спорт - програмата ЕРАЗМУС ПЛУС, преставува значајна подршка на евроинтегративните процеси и ја отсликува европската перспектива на нашата држава.

  

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Назад