Состанок на директорите од Националните агенции за образование и обука за новостите и управување со новата програма

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/20191002_090842.jpgСреда, 9 октомври 2019 година

На покана од Финската национална агенција за образование, од 1 до 3 октомври 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност претставувана од  директорката Лидија Димова и Јовица Митевски, од Одделение за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог, учествуваа на состанок со координативната група составена од претставници на Националните агенции за образование и обука.

Состанокот опфати цели за ажурирани податоци за новата Еразмус програма, поставување на новите индикатори за успех и процесот на финансирање, обезбедување квалитетен кадар за спроведување на активностите, видливоста и инклузивност на новата програма, како и примена на соодветни алатки за управување.

Во работните групи интензивно се разговараа  темите за поставување на индикаторите за инклузија, импакт и успех кои има потреба да бидат интегрирани во новата програма, одржување на квалитетниот кадар во Националните агенции во Европа, како и поставување на новите елементи во новата програма.

Преку препораките од состанокот, работната група за проектно управување на европската комисија ќе обезбеди да бидат опфатени мерките во поставување на новата програма.

Назад