Состанок Студирај во Eвропа

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/bru15/IMG_20190314_140106.jpgПонеделник, 18 март 2019 година

На покана на Европската комисија, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, во периодот од 14 до 15 март 2019 година, претставникот од Националната агенција, м-р Александар Богојевски присуствуваше во Брисел, Белгија на состанок за проектот Студирај во Европа. 

На состаноците присуствуваа и претставници од 34 држави учесници во програмата Еразмус+ (програмски држави). 

На состаноците се дискутираше за реализираните активности во изминатиот период во делот на високото образование, како и за идните активности и цели кои е потребно да се реализираат. 

Посебен акцент се стави и на реализираните саеми за високо образование во минатата година, кои беа организирани од страна на носителите на проектот Студирај во Европа, како и на спроведените и реализирани вебинари.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/bru15/IMG_20190314_140750.jpg

tl_files/docs/eplus/2019/photos/mar/bru15/IMG_20190314_154045.jpg

Назад