СОВРЕМЕНАТА ЖЕНА И ЕУ ФОНДОВИТЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/Tuzla/Tuzla.jpgСреда, 17 април 2019 година

На Фестивалот на современа жена, кој од 11 до 14 април се одржа во Тузла, учествуваа преку 100 успешни жени од 17 земји, меѓу кои и претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Жените беа од различни сфери на животот, собрани со единствена цел -засилување на положбата на жената во општеството и создавање посилни врски меѓу нив.

На панел дискусиите, кои беа одржани во рамките на фестивалот, се зборуваше за претприемништво, политика, развој на науката и културата.

Една од панел дискусиите беше „Кој сè уште се плаши од ЕУ фондовите?“, на која модератор беше Амир Зониќ, а панелистки г-ѓа Јасна Јашаревиќ, г-ѓа Амра Селесковиќ и г-ѓа Снежана Симоновска од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На панелот се дискутираше за достапноста на ЕУ фондовите, можностите кои се отворени за потенцијалните корисници на фондовите, состојбата во Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија со искористеноста на ЕУ фондовите, улогата на Националната агенција во Република Северна Македонија за грижа на корисниците, за грантови, ама и за можностите кои му се нудат на поединец, било да станува збор за волонтирање, магистерски студии или ЕУ стипендии.

 

Назад