Средба со избраните експерти на мрежата Евридика

Петок, 4 мај 2018 година

Денеска, во просториите на Националната агенција, во насока на подобрување на транспарентност во работењето на Националната агенција, се одржа средба со избраните експерти на мрежата Евридика.

Во поздравното обраќање, од страна на директорката Лидија Димова, беше истакната важноста на студиите на мрежата Евридика за образовните системи и на кој начин преку имплементацијата на Еразмус+ проектите и активностите, во рамките на придружните мрежи, може да придонесеме во подобрувањето на образовните политики на национално ниво, а врз база на европските искуства.

Исто така, експертите беа запознаени со процедурите за работа при изработка на извештаите и распоредот на активности за годинава.

tl_files/docs/eplus/eurydice/images/IMG_6101.JPG

Назад