Студиска посета на Националната агенција на Турција

Среда, 11 јули 2018 година

Претставниците на Националната агенција Дејан Златковски, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и Милена Петрушевска, од Одделението за буџетска координација, во периодот од 2 до 4 јули 2018 година, престојуваа на студиска посета во Националната агенција на Турција, во Анкара.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/ankara/Ankara2018.jpg

Во рамките на посетата вработените се запознаа со најдобрите практики потребни за подобрување на процесите при спроведувањето на Еразмус+ програмата, како и начините за зголемување на искористеноста на средствата.

Исто така, беа договорени заеднички настани и соработка за TCA и ECVET во 2019 година.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/ankara/2018-07-12 at 11.42.07.jpeg

Tимот на Националната агенција со Директорот на турската Национална агенција, Г-дин Месут Камилоглу, и неговите соработници

Назад