Студиска посета на Париз

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_103419.jpgВторник, 24 јули 2018 година

Во периодот од 10-14 јули 2018 година се оствари студиска посета на Париз, Франција, со цел да се види како дејствуваат различните институционални нивоа (метрополата, општините и реоните) при дефинирањето на јавните политики со посебен осврт на младинскиот активизам.

Учесници на оваа студиска посета, организирана од страна на Француската национална агенција за спроведување на Еразмус плус програмата, беа избрани лица, млади професионалци, лица вклучени во спроведување на одредени младински шеми, лидери на асоцијации и здруженија и посредници активни во областа на младите.

Покрај директорката на Националната агемнција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, од Македонија учествуваа г. Александар Наумовски, градоначалник на општина Ѓорче Петров и г. Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен кои имаа можност да видат како функционираат младинските совети во париските општини, но и во другите држави од Европа (Норвешка, Исланд, Португалија, Шпанија, Полска, Словенија, Данска, Германија и Франција).

 

Заменикот градоначалник на Париз одговорен за демократија, граѓанско учество, живот во заедницата и младинска политика, г-ѓа Полин Верон, заедно со претставникот на Агенција за граѓански услуги, г. Лудовик Абивен ги придружуваа учесниците на сите посети на младинските центри и хостели за време на посетата. Се водеше сметка за инклиузивноста на програмата така што учесниците имаа можност да ги видат и најбогатите делови, но и најсиромашните делови на Париз.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_091842.jpg

Двете национални агенции констатираа дека може да се подобри нивната идната соработка и воедно се договорија да осмислат заеднички настан во работната програма за 2019 година, кој би бил финансиран од Француската национална агенција, а спроведен во Македонија.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_092557.jpg

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUL/paris/IMG_20180711_120040.jpg

Назад