ТАС настан: 3. МЛАДИНСКА СРЕДБА ЕВРОПА-ЗАПАДЕН БАЛКАН: КОРИСТЕЊЕ НА МЛАДИНСКИТЕ ПРОГРАМИ НА ЕУ КАКО СРЕДСТВА ЗА ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ОПШТЕСТВОТО

24-02-2020 09:23

Оваа средба има за цел да ги искористи достигнувањата од минатите проекти за младинска соработка меѓу ЕУ и државите од регионот (партнерски држави) да се најдат можности како да се зголеми влијанието и позитивните општествени промени и да се иницираат идни активности во рамките на младинските програми на ЕУ по 2020 година.

Оваа 3. младинска средба Европа-Западен Балкан е продолжение на првите две средби за млади во Европа – државите од регионот, одржани во 2016 и 2018 година. Главната цел на оваа средба е да се продолжи дијалогот меѓу младинските работници и другите засегнати страни на младинското поле од регионот и другите европски држави за улогата на европската и прекуграничната соработка и европските младински програми (особено Еразмус +: Млади во акција и Европски солидарен корпус) во стимулирање на позитивна промена во општеството, поддршката на развојот на младинската работа и младинската политика и процесот на евроинтеграција.

Настанот се реализира во текот на последната година од имплементација на тековните програми Еразмус + и Европскиот солидарен корпус. Затоа, ќе се посвети внимание на искористување на резултатите од минати проекти за соработка меѓу ЕУ и државите од регионот. Истовремено ќе биде можност да се размисли за потребни активности кои ќе придонесат за зголемено влијание и да се поттикне напредокот, особено во рамките на новата генерација на Еразмус +, младинското поле и Европскиот солидарен корпус по 2020 година.

На едно место ќе бидат вклучени младински работници, активни чинители кои ја креираат младинската политика, претставници на различни институции од регионот и ќе имаат можност да споделат, да коментираат и да предлагаат конкретни активности за реализација и развој на соработка наместо да формулираат препораки за политички процеси на кои не може да влијаат.

Мрежата на Национални агенции за Еразмус +: Млади во акција и Европскиот солидарен корпус имаат заеднички став за неопходноста од зајакнување на комуникацијата помеѓу засегнатите страни (Национални агенции, регионални САЛТО ресурсни центри, Европската комисија и надворешни чинители) со цел да се развие целосен стратешки пристап за соработка со земјите од регионот во рамките на програмите на ЕУ. Резултатите од дискусиите за време на третата средба Европа - Западен Балкан может да дадат конкретен придонес во развој на Стратегија за соработка на ЕУ државите со државите од регионот (партнерски држави).

Конкретните цели на третиот состанок за млади на ЕУ и Западен Балкан се:

  • Оддавање огромна важност на соработката и учеството на Западен Балкан во младинските програми на ЕУ (Еразмус + и Европски солидарен корпус);
  • Поглед кон тековните и новите можности за соработка со корисници на програмата од државите во регионот (партнерски држави), понудени од новите младински програми на ЕУ;
  • Истражување на поврзаноста помеѓу младинските програми на ЕУ и натамошниот развој на младинската работа, младинската политика и истражувањето;
  • Истражување на прашањата што се релевантни за младите луѓе коишто би можеле да бидат опфатени и можат да се решат во проектите за транснационална соработка (поврзани со 11 младински цели на Стратегијата за млади на ЕУ и нивната релевантност за младите од регионот);
  • Обезбедување простор за учество во процесот на дизајнирање на идна соработка со соседните партнери (во новите програми за млади на ЕУ);
  • Можност за вмрежување на млади и разни чинители кои се активни во полето млади од ЕУ – државите од регионот.

Профил на учесници:

  • Државјани на Република Северна Македонија;
  • Младински работници, менаџери на проекти, обучувачи, практичари кои работат со млади, кои користеле и понатаму планираат да ги користат европските младински програми во својата работа;
  • Младински истражувачи и други професионалци од формалното, информалното, неформалното образование, поврзани со програмите;
  • Носители на одлуки на регионално или локално ниво со искуство во интернационална соработка;
  • Претставници на институции кои ја поддржуваат регионалната и/европската соработка на полето на млади со/во регионот.

Референци:

  • Дискусиите за време на состанокот ќе се однесуваат на тековните случувања поврзани со состојбата со работата на младите, младинската политика и истражувањето (особено во регионот на Западен Балкан), приоритетите и рамките на европската работа на младите, програмите за млади на ЕУ, како и процесот на пристапување кон ЕУ на западнобалканскиот регион;
  • Соработка со соседните држави партнери во рамките на европските младински програми: препораки за новите програми 2021 - 2027 година (Мрежа на национални агенции надлежни за младинското поле на програмата Еразмус + и Европскиот солидарeн корпус, октомври 2019 година);
  • Имплементација на Еразмус +: Програмата за млади во акција во Земјите партнери на програмата во Западен Балкан - Стратешка анализа која вклучува препораки од областа на младите (САЛТО ЈИЕ, декември 2019 година);
  • Дуња Поточник и Драган Станојевиќ, Квалитетен развој на работата на младите во Југоисточна Европа (ЕК - СЕЕ, Младинско партнерство, 2019);
  • Резултати од 1. и 2. состанок за млади во Европа и Западен Балкан (SALTO SEE, Германската, Македонската и Словенечката национални агенции, 2016 и 2018 година);
  • Европска стратегија за млади 2019 - 2027 година.

Процес на аплицирање и финансиски правила

Апликациски формулар на следниов ЛИНК:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/3rd-europe-western-balkans-youth-meeting-using-the-eu-youth-programmes-as-vehicles-for-positive-societal-change.8594/

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 25 февруари 2020 година

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот;
  • Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи до 4 лица да земат учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на младински организации и организации кои работат со младински политики.

 

Назад