ТАС Настан: Ајде да се координираме! Тренинг курс за ЕВС организации

9-14 мај, Петрчани Хрватска

 

Овој тренинг курс е дизајниран за ЕВС органзиации кои имаат од средно до напредно ниво на искуство со активности за координирање. ЕВС органзиациите ќе имаат можност да го споделат своето претходно искуство додека учат дополнителни вештини и компетенции кои што ќе ги охрабрат и ќе придонесат за поголем квалитет во нивните идни ЕВС проекти.

Главна цел: Развивање на капацитетите на акредитирани ЕВС органзиации и размена на квалитет за координација на ЕВС проекти.

Цели:

- Обезбедување на темелно разбирање на проектниот циклус во ЕВС

-Истражување на  улогата на координација организација во ЕВС проекти и можности за нови форми на партнерства

- Здобивање со вештини за стратешко планирање во ЕВС

- Обезбедување на простор за размена на искуства и примери на добра пракса

-Обезбедување на простор за вмрежување помеѓу организациите учеснички и планирање на понатамошна соработка

Таргет групи:

ЕВС проект менаџери и ЕВС проект коордиантори од акредитирани организации постари од 18 години.

 

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 17 април 2017 година

Апликацијата може да ја симнете на овој линк.

Пополнетата апликација испратете ја на tca@na.org.mk

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад