ТАС Настан: АМБАСАДОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-MolinadeAragon.jpg11-17 ноември 2017 | Молина (Малага), Шпанија

Тренингот „Амбасадорите за вработување“ ги обучува учесниците со сет на алатки за поефикасно забрзување на вработувањата на нивната тагрет група во нивните локани заедници. Така, ќе се обезбедат информативни ресурси и ќе се развијат социјални компетенции.

  1. КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Првиот блок на сесии ги истражува надлежностите кои ја зголемуваат можноста за вработување на младите луѓе:

  • Идентификација на клучните компетенции на пазарот на трудот
  • Зајакнување на клучните комптенции на пазарот на трудот:
  • Тимска работа 
  • Ефективна комуникација
  • Сертифицирање на компетенциите: Јутпас и Еуропас 
  • Идни трендови на пазарот на трудот: идни компетенции.

 

Б . ИЗВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Сесиите кои припаѓаат на оваа група обезбедуваат целосен сет на тековни работни, образовни и волонтерски можности на европско и светско ниво. До крајот на обуката, учесниците ќе можат ефективно да пренесат широк спектар на можности за нивните целни групи, кршење на недостатокот на обука - недостаток на работно искуство.

  • Формално образование и стипендии
  • Стажирање и фази
  • Можности за волонтирање
  • Можности за вработување
  • Претприемништво
  • Не-формално образование. Краткорочни тренинзи и мобилност

В. НАДЛЕЖНОСТИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ И МЕНТОРСТВО.

Овој блок се справува со компетенциите потребни за ефикасно давање насоки и проценка на младите луѓе во потрагата по работа или во развојот на нивниот деловен проект. Социјалните компетенции, како дизајнирање на активности за обука или групно управување, ќе бидат столбот на оваа група на сесии:

  • Претставување на компетенциите и младинската работа:
    - Разбирање на компетенциите, Типови на образовани и типови на наставен кадар, основи на не-формалното образование, Европска стратегија за тренинзи, Зашто младинска работа?
  • компетенции за олеснување и менторство:
    - СОВРШЕН ОЛЕСНУВАЧ И МЕНТОР: Идентификација на компетенциите за олеснување и менторство. Само-оценување на компетенциите. Дизајн на образвните програми: Логичка рамка за дизајн на младински активнсоти. Откривање на мотивациите. Креирање на свесноста. Планирање и поставување на цели. Процес на менаџирање и одговорност.
  • ГРУПЕН МЕНАЏМЕНТ: Анализи на реални ситуации на групен менаџмент.
  • РАБОТИЛНИЦИ: Дизајн на тренинг сесии базирани на компетенции за врабитување
  • Кариерно водство: симуалција.

Од трите главни блокови има повеќе сесии закажани за време на тренингот. Тие ја обезбедуваат потребната рамка за развивање на ефективен простор за учење.

A. СЕСИИ ВО РАМКА: овие сесии се однесуваат на аспекти како подобрување на способностите за тимска работа на учесниците, презентација на учесниците, затворање на настан, интеркултурна вечер, вмрежување и итн

B. ПРОЦЕС НА УЧЕЊЕ: Овие активности имаат за цел анализирање, зајакнување и еваулација на процесот на учење кој е искусен од страна на улесниците преку курсот: Групи за размислување, евалуација на учењето - Јутпас, итн.

Целна група за настанот:

  • Постари лица од 18 години кои комуницираат на англиски јазик
  • Лица кои работат со млади во полето на вработување
  • Претставници на невладина организација

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 24 септември 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/employability-ambassadors.6612/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади.

Назад