ТАС Настан: Еразмус+ за бегалци и мигранти во Измир

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-izmir.jpgТренинг Курс

21-26 мај 2017 / Измир, Турција

Миграцијата е една од главните социјални, економски и политички  прашања на свремените општества и недостатокот на прашањата кои претставуваат потхранување на предизвиците во однос на мигранти и општества домаќини.

Целта на овој тренинг курс е информирање, охрабрување и зајакнување на младинските организации и младинските работници користејќи ја Еразмус+ програмата како алатка со што ќе се дизајнираат активностите и механизмите за поддршка на бегалците и мигрантите.

Понатаму, целта на курсот е креирање на основа за широка европска мрежа на младински организации, кои што ќе развиваат проекти кои се поврзани со мигранти и бегалци со користење на Еразмус+.

Главните цели се:

  • презентација на подлабоки информации на основните концепти и постоечкиот контекст во врска со миграцијата и бегалците во Европа;
  • зголемување на знаењето и свесноста на учесниците за постоечките проблеми и предизвици кои се поврзани со мигранитите и бегалците;
  • спроведување на информации за тоа како може да се искористат проектите врз основа на методологии за анализа на проблемите на бегалците / мигранти и развој кон насочени решенија;
  • спроведување на информација за тоа како да се искористи Еразмус+ програмата за иновации и проекти кои се базираат на решенија за темите кои се поврзани со миграција;
  • подобрување на капацитетот на младинските работници со ефективни алатки и методи за тренинг и активности на младиснки бегалци и мигранти
  • подобрување на капацитетот на младинските органзиации за работа за и со мигранти и бегалци;
  • за развивање на европски партнерства за ппонатамошни Еразмус+ проекти за младинскиот сектор кои се поврзани со миграција, мигранти и бегалци;
  • спроведување на можност за размена на искуства и експертиза во полето на младите мигранти и бегалци.

Оваа тренинг програма е конструирана преку три главни теми:

∙ Миграција

∙ ЕРАЗМУС+

∙ Менаџмент на проектен циклус

Методологија:

Овој тренинг курс е основан на не-формално учење на методологии вклучувајќи и студиски посети во невладини организации и јавни институции кои што работат во полето на миграција, состаноци со претставници од овие организации, проектни лабаратории во форма на тимска работа за развивање на проекти идеи, активности со вмрежување за крирање на оддржлив развој помеѓу учесниците, анализи направени врз основа на најдобри пракси со презентирање на лични искуства и рефлексија на учесниците, интерактивни сесии и дебати.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 26 март 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/erasmus-for-refugees-and-migrants.6284/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 4 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад