ТАС настан: EУтопиа? Разновидност во менувањето на Европа: Креативна младинска лабораторија за преиспитување на разновидноста на решенијата

tl_files/docs/eplus/2019/images/riga.jpgТренинг курс

6-12 мај 2019 | Рига, Латвија

Креативната лабораторија е дизајнирана за критичари, кои работат со млади луѓе и се осмелуваат да разговараат за контроверзни прашања на следниов концепт:

- Дали сте размислувале што навистина подразбира разновидност ?
- Дали работите со млади луѓе кои се прашуваат дека во Европа разновидноста е застапена премногу?
Живееме во време кога во Европа се случуваат големи развои, но дали сте се прашале дали тие развои можат воопшто да помогнат на младите луѓе?
- Дали мислите дека е време да се земе во предвид начинот на кои работите со младите луѓе?
- Дали сте љубопитни за принципите и практиките користени во младинската работа во ова опкружување кое брзо се развива?
- Дали сакате да се приклучите на овој проект во траење 8 месеци со динамично темпо?

Овој тренинг е креативен, аналитички и критички начин кој може да донесе нови погледи на стариот концепт. Наменет е за искусни практичари, кои некогаш се чувствуваат изморени од размислување но и за нови работници кои делуваат демотивирани и не знаат од каде да започнат. Доколку мислите дека сте спремни да навлезете длабоко во темата на разновидност и сакате да ги обликувате одново практиките во младинската работа – тогаш ЕУтопија е вашиот избор.

Процесот на учење трае 8 месеци, кој ќе резултира со подобрени практики за поддршка на младите луѓе кога се менува Европа, ќе произведе алатки и пристапи кои ќе бидат споделени на онлајн библиотека за младински работници. Составена е од 4 елементи: 

1 дел: Домашна лабораторија за претставување – онлајн процес на учење кој се состои од 24 часа индивидуална работа од март до мај

2 дел: Лабораторија за критичка анализа: концепти на истражување и предизвици во Латвија од 6 до 12 мај 2019 година

3 дел: Пилот лабораторија за креативност и експериментирање- тестирање во локалните активности реализирани од учесници во нивните општини

4 дел: Лабораторија за дизајнирање – креирање нови алатки и пристапи во Црна Гора од 8 до 13 октомври 2019 година

Овој повик е отворен за сите професионалци во полето на млади. Избраните учесници потребно е да земат учество во сите делови на лабораторијата.

Цели на лабораторијата се:

Целта на лабораторијата е да обезбеди можност на професионалците во полето на млади да:

  1. ја истражат комплексноста и разновидноста на реалноста кај младите луѓе во менувањето на Европа;
  2. да обезбедат подобар одговор преку применување на вредностите од разновидната перспектива и обликување на практиките во нивната младинска работа
  • да креираат заедница на лица кои се подготвени да ги прифатат условите на процесот на учење преку предизвиците, лична рефлексија, долгорочна соработка;
  • да ги идентификуваат социо-политичките и културните услови кои можат да влијаат на младите луѓе на локално или европско ниво;
  • да го истражат контекстот на  младите луѓе кога се развиваат, да развиваат сензитивност за идентитет и прашања поврзани со културата, но и критичко размислување за моменталната младинска работа;
  • да ги разберат логичните и мотивациските погледи младите луѓе и критично размислување;
  • да се предизвика концептот на разновидноста, да се истражат вредностите повеќе отколку нормативните политики;

Критериуми за учество на апликантите:

  • Искусни младински работници претставници на младински организации
  • Професионалци кои работат во полето на младинскиот сектор
  • Тренери и обучувачи во полето на младинска работа
  • Да земат учество на сите настани и да бидат присутни за цело времетраење
  • Солидно познавање на англиски јазик за комуникација и работа

Учесниците треба да бидат посветени на методи на учење и контрибуција за нови иновативни иницијативи и развој, со цел подобрување на политиките на младинската работа.

Настанот ќе се одржи од 6 до 12 мај 2019 година во Рига, Латвија

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 27 март 2019 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/eutopia-diversity-in-a-changing-europe-creative-youth-work-lab-for-rethinking-diversity-solutions.7848/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени обуки, може да биде побарана  контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој тренинг. Лицата треба да бидат претставници на организација кои работат на иновативен пристап кон младинската работа.

Назад