ТАС Настан: EVS P.M.- ЕВС Проектен менаџмент

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-MolinadeAragon.jpgТренинг курс

15-19 март 2017 | Молина (Малага), Шпанија

Овој тренинг е активност за не-формално учење кој има цел за поддршка на развој на квалитетот на ЕВС проекти во програмата Еразмус+. Исто така целта е олеснување на теоретското и практичното знаење за квалитетниот пристап на проектите и активностите во ЕВС.

Подетални цели:

  1. Подобрување на знаењето на Програмата Еразмус+ и детали од КА1 Мобилност на млади- Европски Волонтерски Сервис;
  2. На практичен начин да се разберат развојот на ЕВС проектите, документите поврзани со менаџмент и дистрибуција на обврските на засегнати страни кои се вклучени;
  3. Да се идентификуваат проблемите и потешкотиите кои се заеднички за сите  во секојдневната работа при менаџирањето на проекти за КА1 Мобилност на млади- Европски Волонтерски Сервис и решавање на сите со акцент на потребата од активна соработка меѓу Националните агенции и организации;
  4. Подобро да се разбере концептот на неформално учење и знаење што се потребни за користење на Јутпас;
  5. Споделување на искуства и знаење од добри практики во проект менаџментот .

Профил на учесници:

  • Одговорни за ЕВС Проект Менаџмент во скоро акредитирани организации (испраќач, домаќин и координатор);
  • ЕВС ги поддржува младите (Младински работници, Младински лидери, ЕВС ментори/тутори) кои од неодмана се вклучиле во ЕВС проектен менаџмент во организации со определено искуство;
  • Одговорност на организациите кои што имаат поденсено  форма за изразување на интерес;
  • Лица кои се способни да разбираат и комуницираат на англиски јазик;
  • Над 18 годишна возраст.

Методологијата на овој тренинг курс е базирана на емпириско учење и не-формалното образование, во атмосфера во кој аучениците можат да научат едни од други и да се чувствуваат охрабрено за да иницираат нивени проект.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 12 февруари 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/evs-p-m-evs-project-management.6205/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3 (три) лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади, ЕВС и неформално образование во Македонија.

Назад