ТАС Настан: KA2 – Иновации во младинската работа

Конференција

20-22 февруари 2019 | Берлин, Германија

После 5 години од достапноста на Еразмус+ програмата, многу влијателни интелектуални трудови и добри практики се развиени во полето на млади преку Стратешките партнерства на КА2 акцијата.

Овие проекти споија партнери од различни полиња кои соработуваа во развој на иновативни решенија за младинската работа, младинските работници и организации кои креираа синергии во Европа.

„Иновации во младинската работа“ е првата конференција во историјата на Е+ програмата во областа на млади, а во продуктивни два и пол дена, Берлин ќе биде местото каде ќе се откријат овие проекти и нивните резултати, со кои ќе се овозможи  да ги споделат искуствата, да ги дисеминираат резултатите со останатите чинители. На едно место, корисниците, партнерите и водителите на настанот ќе се овозможи квалитативни разговори за Иновациите во младинскиот сектор.  

Конференцијата е организирана од Националните агенции на Белгија - Фландерс, Естонија и Германија. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како партнер и подржувач на проектот ќе овозможи учество на корисници и партнери на КА2 проекти во полето на млади од Македонија кои имаат имплементирано или се партнери во завршени и тековни проекти.

Конференцијата ќе се оддржи од 20 до 22 февруари 2019 година во Alte Börse Marzahn Берлин, https://alte-boerse-marzahn.de/

Цели на конференцијата:

  • Да се истражи што подразбира иновацијата во полето на млади, поточно во младинската работа; 
  • Да се споделат примери од проекти кои целат кон иновации и да се даде простор за дисеминација на алатките и произведените материјали преку КА2 проектите;
  • Да се разговара за трендовите и предизвиците во полето на млади кои побаруваат иновации; 
  • Да се промовира вмрежувањето со цел зголемена синергија помеѓу корисниците/ учесниците и организациите вклучени во проектите.

Профил на учесници:

  • Корисници на КА2 проекти ( координатори и партнери KA2) во полето на млади од изминатите 5 години;
  • Засегнати страни кои биле дел од проектите
  • Постоечки КА2 партнерства;
  • Креатори на младинска политика
  • Апликанти во КА2 кои поднеле апликации, а немаат добиено финансиска поддршка.

За оваа цел 30 – 40 проекти финансирани преку КА2 акцијата ќе бидат селектирани да ги презентираат совиоте проекти во т.н. „Саем за проекти“. Сите проектни портфолија ќе бидат достапни на конференцијата со документација за проектите.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 09 декември 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/ka2-now-innovation-in-youth-work.7665/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3-4 лица да земат учество на оваа меѓународна конференција. Лицата треба да бидат претставници на организација или правен субјект, која е корисник \ партнер во КА2 акцијата и работат на иновативен пристап кон младинската работа, како и креатори на младинска политика.

 

Назад