ТАС Настан: Контакт семинар во Романија

Тема: FuturE+

Целта на тренингот:

  • мапирање на силните точки и елементи кои имаат потреба од подобрување во сегашната програма Е +;
  • како новите елементи на програмата можат ефикасно да се спроведат од страна на корисниците;
  • изработка на резолуција на учесниците во врска со иднината на програмата Еразмус + (2021-2027).

Студиската посета ќе се реализира во Букурешт, Р. Романија од 12 до 15 март 2019.

Таргет група:

Студиската посета е отворен за учесниците од областа на училишното образование, стручните институции и/или јавната администрација:

  • Претставници на локални, регионални и национални власти;
  • Училишни инспектори и советници;
  • Директорите на образовните и професионалните институции, центри или провајдери;
  • Наставници, тренери за наставници;
  • Раководители на одделенија;
  • Советници.
  • Повикот е отворен за сите лица кои работат во полето на училишно образование, образование на возрасни, високо образование како и корисници на Еразмус+ програмата од областа на стручното образование и обука

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници од областа на образование на возрасни, стручно образование и обука и училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 12 февруари 2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Романија„.

Назад