ТАС настан: МЕНТОР плус – Подобрување на менторството во ЕВС

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/TCA-vienna.jpgТРЕНИНГ КУРС

30 октомври - 3 ноември 2017 | Виена, Австрија

Дали вие сте активен ментор во ЕВС?

Дали вие треба да станете ментор во ЕВС?

Вие сте ментор во ЕВС веќе некое време и имате потреба да ги рефлектирате вашата улога, вашите одговорности и предизвици?

Вие сте спремни да ги споделите своите искуства да запознаете други лица и нови практики и методи?

Тогаш аплицирајте веднаш!

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ:

Главната цел на оваа активност е зголемување на квалитетот на менторство во ЕВС и поддршка на активни ментори кои работат со нивните волотери.

ОВА ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНЕ ПРЕКУ:

- зголемување на знаењето за менторство во ЕВС, основното знаење за ЕВС генерално и во рамките на Еразмус+ Програмата: Млади во Акција
- развивање на заедничко разбирање за менторство со ЕВС

- Рефлектирање на улогите, одговорностите, предизвицте и потребите кои што се однесуваат на менторство во ЕВС 

- споделување на добри пракси и алатки за поддржување на ЕВС волонтерите

Поканети се активни ментори (нови ментори кои што веќе се вклучени во проекти кои се реализираат во моментот како и искусни ментори) кои што имаат потреба за развивање на нивните идни компетенции или за подобрување на квалитетот на нивното менторство. 

Целна група за настанот:

  • Ментори кои работат со волонтери
  • Лица кои работат директно со волонтери
  • Постари од 18 години и кои можат да комуницираат на англиски јазик
  • Претставници на невладина организација

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 10 септември 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/mentor-plus-improving-mentorship-in-evs.6729/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад