ТАС настан: Мојата омилена грешка –учење од грешките преку позитивни примери

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-ponta-delgada.jpgТренинг курс

8-14 мај 2017 | Понта Делгада, Португалија

Целта на овој тренинг е фокусот на учење, како да се најде нов пристап за справување со грешките и како може да ги поддржиме младите луѓе да се спраат со грешките од поглед на позитивен и конструктивен начин. Ќе се користат различни методи и техники преку театрална и рефлективна техника, преку правење на атмосфера во која грешките ќе бидат презентирани, истражени и ќе бидат рефлектирани.

Цели на тренингот се следниве:

  • Да се рефлектира во однос со грешките, нивната улога во процесот на учење и нашиот традиционален пристап кон грешките.
  • Да се истражат нови пристапи на техники и методологии за учење од грешки преку поситивен и конструктивен начин.
  • Да се истражи како може да се поддржат младите со кои работиме преку справување со грешките.
  • Да се истражи како новите пристапи кон учењето од грешките е поврзано со различни акции во програмата Еразмус+

Целна група за настанот:

  • Младински работници
  • Младински лидери
  • Постари од 18 години
  • Професионални лица кои работат со млади
  • Претставници на невладина организација

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 04 април 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/my-favourite-mistake-a-training-course-on-supporting-positive-learning-from-mistakes.6378/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад