ТАС Настан: МОЌТА НА НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ- ЗАПАДЕН БАЛКАН II

Тренинг курс, 29 мај - 3 јуни 2018 | Шабац, Србија

 

Подобрување на влијанието на неформалното образование (НФО), принципи и методи за зајакнување на младите луѓе како вистински актери на општеството (од локално на Европа) и градење на мостови помеѓу различни образовни методи, пристапи или рефлексии.

ЗОШТО ТОКМУ ОВОЈ ТРЕНИНГ КУРС?

- Да се стимулираат учесниците да се чувствуваат и да размислуваат за моќта на неформалното образование (НФО) преку експериментирање со различни видови на неформални образовни методи.

- Да ја анализираат улогата и приемот на НФО во нашите различни земји во рамките на заедничка Европа.

- Да се откријат и дебатираат за европската стратегија на НФО.

- Да се борат против растечките аргументи за младите луѓе во областа на неформалното образование.

- Да се истражат значењата, улогите и комплементарноста на различните образовни пристапи и методи (формални, неформални, неформални).

- Да се преиспита секојдневната практика на младинска работа.

- Да се разберат принципите на градење на програми и НФО во рамките на Млади во акција.

Тренингот е наменет само за учесници од земјите од Западен Балкан + Словенија, Македонија, Хрватска и Белгија.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 14 април 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/the-power-of-non-formal-education-western-balkan-ii.7085/ 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

 

 

 

Назад