ТАС Настан: "ONE 2 ONE" Тренинг курс за поддржување на учењето лице во лице

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca_Budapest.jpg28 мај до 3 јуни 2017, Будимпешта, Унгарија

Во неколку делови од Еразмус+ програмата, се бара од младински работници и тренери не само да работат во групи со млади лица туку и да придружуваат индивдуалци преку различни процеси на учење и личен развој.

Иако еден на еден тренингот може да изгледа како очигледна и природна форма на комуникација, многу младински работници сметаат дека им е потребен ваков вид на тренинг се со цел правилно да ги поддржат младите лица преку индивидуален развој и процесот на учење.

Цели на тренингот:

  • Споделување и размена на различни  видови на контексти, ставови и ефекти на учењето во различни средини;
  • Анализа на темите за  "учење";
  • Што подразбира “поддржување на учењето” во контекст еден на еден;
  • Развивање на вештини  за иницирање и поддршка на само-рефлексија за учење;
  • Создавање на врски помеѓу овие пристапи и пошироката слика, на пример да се поврземе со "Модел за компетенции за младинските работници".

Таргет групи и профил на учесниците:

  • Професионалци или волонтери- младински работници, младински лидери, тренери, ЕВС ментори, едукатори и итн - кои имаат потреба за развивање на нивните компетенции за индивидуално работење со млади лица;
  • Оние кои што сакаат да работат со фасцилитирање на учењето во младинската работа преку начинот - еден на еден
  • Поддршка на Јутпас процесот
  • Над 18 години;
  • Способни за активно учество на англиски јазик.

Програмата за учество може да ја погледнете најдолу од страната на линкот за аплицирање.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 24 март 2017 година на следниов линк:

 

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/one-2-one-supporting-learning-face-to-face-training-course.6295/

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад