ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Бон, Германија

Тема(Theme): Тематски мониторинг на стратешките партнерства за учење преку работа (Thematic monitoring of Strategic Partnerships on Work Based Learning)

Целта на тренингот:

Целта на оваа активност е размена на знаења/искуства и развој на најдобрите практики за конкретни прашања во врска со признавње на мобилноста на студентите, стажирање (доброволно и задолжително) и мобилноста на вработените. Друг клучен елемент на активноста е формулирањето на излезните резултати од учењето во меѓународна перспектива.

Контакт семинарот ќе се реализира во Бон, Германија од 20 до 21 ноември 2017.

 

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се високо образовни инситуции во Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 02.10.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Германија„.

Назад