ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Германија

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2019/berlin.jpgТема на настанот:

Европа во движење - клучни компетенции за создавање на проекти за мобилност во стручното образование и обука - Семинар за контакт за поттикнување на проекти за мобилност во стручно образование и обука  (Europe on the move – key competences to create mobility projects in VET - A contact making seminar to foster mobility projects in VET)

Целта на контакт семинарот:

• да подгответе Еразмус+ проекти за идните проекти за мобилност;
• да научете како да аплицирате и организирате проект Е+;
• да изградите нови партнерства помеѓу институциите;
• да се привлечат новодојденците (newcomers) во програмата Еразмус+;
• да креирате нови проекти за мобилност;
• да придонесете за подобрување на квалитетот на проектите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Берлин, Германија од 27 до 29 мај 2019.

Таргет група:

Контакт семинарот е отворен за учесниците од областа на стручно образование и обука:

• Училишта за стручно образование и обука (наставници, директори, координатори);
• Претставници на компании, комори, центри за обука;
• ВЕТ организации кои работат со лица со помалку можности и посебни потреби;
• Професионалци/експерти за стручно образование и обука;

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 6 март 2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете го следниот апликациски формулар и формуларот за регистрација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Германија“.

Назад