ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Лоџ, Полска

Повик за контакт семинар во Лоџ, Полска

Тема: Innovate your teaching through methods like gamification, e-learning, Design Thinking, Project Based Learning, use of new technologies in higher education.

Целта на тренингот:

Во областа на високото образование има голема потреба за размена на добри практики и искуства во креирање и имплементирање на иновативни наставни методи како што се  креативно мислење, учење преку пракса, учење преку игра, употреба на современа информатичка технологија итн. Овој настан нуди можности за учење од меѓусебна соработка како и можност за поврзување на различни проекти финансирани од Еразмус+ и дисеминација на резултатите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Лоџ,  Полска  од 26 до 28 септември 2018.

Таргет група:

Корисници на грантови од областа на Стратешките  партнерства во високото образование (од повиците во 2014, 2015, 2016 и 2017 година) чии што проекти вклучуват иновативни наставни методи, како што се креативно мислење, учење преку пракса, учење преку игра, употреба на современа информатичка технологија итн.  Се предвидува активно учество на кандидатите како презентирање на нивните проекти.

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-           Патни трошоци од Варшава до Лоџ се покриваат од страна на корисникот;

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 18 јули 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Полска“.

Назад