ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Лувен, Белгија

Тема: Стратешки партнерства за учење базирано на работа во иницијалното и континуираното стручно образовани и обука (Strategic Partnerships on Work Based Learning in initial and continuous vocational education and training)

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на крос-секторски стратешки партнерства;

- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

 - Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

Контакт семинарот ќе се реализира во Лувен, Р. Белгија од 16 до 19 октомври 2017.

 

Таргет група:

-          Таргет група за контакт семинарот се наставници од средни стручни училишта, ВЕТ Провајдери, социјални работници, претпријатија, институции од стручно образование и  обука, т.н.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-  Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-  Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-  Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  01 јуни 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Белгија“.

Назад