ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Париз, Франција

Тема на контакт семинарот: Студиска посета Европа на локално ниво (Europe Goes Local study visit)

Цел:

Целта на студиската посета е да се зголеми квалитетот на работата на младите во соработка со општините. На студиската посета би учествувале претставници од Општини од цела Европа, со цел да се запознаат со работата на младите во Париз. Целта е да се разменат искуства и практики од различни гледишта на младинската работа. За време на постетата, учесниците ќе имаат можност да го посетат Секторот за политики за млади од градот Париз, различни организации и културни инситуции кои се занимаваат со политиките за млади, Евродеск центри и тн.

Студиската посета ќе се реализира во Париз, Франција од 10 до 14 јули 2018.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано два до четири места за учесници од областа на млади и училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 26.06.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Франција.

Назад