ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Чешка

Theme: Тематски семинар со фокус на Европската стратегија за интернационализација (EIS) во рамки на Повелбата за мобилност од областа на  стручно образование и обука и Универзитетска повелба од областа на високото образование - искуство, примери, препораки (Thematic seminar focused on European Internationalization Strategy (EIS) within VET Mobility Charter and ECHE – Experience, Examples, Recommendations)

Целта на тренингот:

- Презентација на практични примери од различни структури на Стратегијата (според големината и видот на институциите за стручно образование и обука и високо образование);

- Дискусија за формата и содржината на стратегијата (European Internationalization Strategy - EIS);

- Поголема свест за интернационализација меѓу училиштата за стручно образование и високо образование (фокусирани првенствено на интернационализација во рамките на програмата Еразмус +);

- Квалитетен развој на интернационализацијата на стручното образование и обука и високообразовните институции;

- Меѓусекторска соработка во рамките на високото образование и стручното образование и обука;

- Интеграција на резултатите од учењето/стажирање во релевантна образовна институција, развој на курикулуми и училишни образовни програми, признавање на резултатите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Прага, Р. Чешка од 06 до 08 јуни 2018.

Таргет група:

Корисници од областа на стручно образование и обука кои се заинтересирани за добивање на Повелба за мобилност од областа на стручното образование и обука, носители на Повелбата за мобилност и носители на Универзитетска повелба од областа на високото образование, како и искусни експерти од областа за интернационализација во двата сектора.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука и високо образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 12 март 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Чешка“.

 

 

 

 

Назад