ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Република Чешка

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-praga.jpg

Тема на контакт семинарот„Using eTwinning in KA2 School-To-School Partnerships “

Цел:

  • да се промовира синергија помеѓу Еразмус+ и еТвининг
  • запознавање на учесниците со порталот еТвининг и поттикнување на истите за негово користење
  • да се помогне во вмрежувањето меѓу наставниците вклучени во Еразмус+проекти  и проектите од еТвининг
  • да се направат контакти со наставници од другите земји со цел да се поттикнат и развијат идни  проекти од КА2

Контакт семинарот ќе се реализира во Чешка, Република Чешка од 30 август до 2 септември 2017.

Таргет група:

  • Таргет група за контакт семинарот се наставници од предучилишно и училишно образование

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано2 места за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 13.04.2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк . Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Чешка.

 

Назад