ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Варшава, Полска - 2017

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/tca-warsaw-2017.jpgТема (Theme): Инклузија во КА2 (INCLUSION WITHIN KA2)

Целта на тренингот:

Социјалната инклузија е едно од најважните прашања кои се подржани од Програмата Еразмус+ чија што цел е да помогне во справувањето со социоекономските промени, клучните предизвици со кои Европа ќе се соочи до крајот на деценијата и ќе ја поддржи имплементацијата на европската политика за развој, работа, еднаквост и социјална вклученост.

Да се овозможи поврзување на институциите од различни земји кои вклучуваат и луѓе со помали можности и тоа луѓе со:

  • Потешкотии во учењето: рано напуштање на училиштето , нискоквалификувани возрасни,
  • Економски пречки: луѓе со низок животен стандард, ниски приходи, приматели на социјална помош, луѓе во долгови или со финансиски проблеми,
  • Културни разлики: емигранти, бегалци, луѓе кои припаѓаат на национално или етничко малцинство со јазични потешкотии и потешкотии при адаптација и социјализација.
  • Социјални пречки

Контакт семинарот ќе се реализира во Варшава, Р. Полска од 07 до 10 ноември 2017.

Таргет група:

Таргет група за контакт семинарот се наставници од училишта, тренери, едукатори, средно стручни училишта, институции од образование и т.н..

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2места за учесници од областа на стручно образование и обука и училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  4 август 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Полска.

 

Назад