ТАС Настан: Повик за контакт семинарво Брисел, Белгија

Тема на контакт семинарот:   Communication and dissemination: on the (right) use of tools and media in Erasmus+ projects

Цел:

Семинарот ќе се фокусира на прикажување и размена на методи, алатки и добри практики за комуникација и дисеминација. 

Се предвидува да се даде фокус на:

- Класичен VS. атипични начини на комуникација во рамките Е + проектите

- Развој на добар план за комуникација

- Употреба на нови алатки (социјални медиуми итн.) 

Контакт семинарот ќе се реализира во Брисел, Белгија од 06 до 7 мај 2019.

Таргет група:

Еразмус + корисници: претставници на тековни проекти, како и оние кои се финализирани со добри примери на дисеминација, претставници на институции кои користат резултати од Еразмус + проектите и потенцијалните корисници на резултатите и други заинтересирани страни (на пример, носители на одлуки).

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано едно место за учесник од областа стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 22.03.2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Белгија.

Назад