ТАС Настан: Повик за контакт семинарво Закопане, Полска

Тема на контакт семинарот:Dissemination, exploitation and sustainability of KA2 projects results

Цел:

Семинарот ќе се фокусира повеќе на имплементацијата и искористување на резултатите од проектите отколку на дисеминацијата. Сепак, знаејќи го значењето на активностите за дисеминација, ќе се презентираат атрактивни алатки кои корисниците можат да ги користат за време и по завршување на проектот. На пример, на семинарот ќе бидат организирана мултимедијална работилница за снимање на видеа.

Специфичните цели се:

а) размена на искуства меѓу учесниците и мислење од експерти во врска со одржливоста, искористувањето и дисеминацијата;

б) размена на добри практики, алатки, методи и пристапи во активностите за одржливост, искористувањето и дисеминација;

 в) изготвување на препораки за идни корисници на Еразмус + за ефикасни начини за искористување и одржување на резултатите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Закопане, Полска од 08 до 11 мај 2019.

Таргет група:

Еразмус + корисници: претставници на тековни проекти, како и оние кои се финализирани со добри примери на дисеминација, претставници на институции кои користат резултати од Еразмус + проектите и потенцијалните корисници на резултатите и други заинтересирани страни (на пример, носители на одлуки).

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано четри места за учесници од областа на училишно образование, високо образование и стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

- Учесникот треба да покрие патот од аеродром (Варшава или Краков) до Закопане, Полска.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 22.03.2019 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Полска.

Назад