ТАС Настан: Повик за контакт семинарво Зандворт, Холандија (Zandvoort, The Netherlands)

 

Тема на контакт семинарот: Меѓу секторска ТАЦ обука – „Влијанието од мобилноста на вработени/кадар“ (Cross-sectorial TCA Professionalisation - ‘The Impact of Staff Mobility’)

Цел:

  1. Размена на идеи и примери на добри практики од проекти за мобилност за професионален развој на наставниците, вработените и / или волонтерите во образовните сектори и институции.
  2. Интегрирање на професионалниот развој на наставниците, вработените и / или волонерите  во Еразмус + во Европскиот развоен план  на институцијата и поврзување со политиките за човечки ресурси на институцијата и со националните политики за професионален развој на наставниците.
  3. Дефинирање (пред) и мерење (после) влијанието на Еразмус+ професионалниот развој на наставниците и другите вработени.
  4. Подобрување на квалитетот на тековните и идните проекти за мобилност за наставниците и другите вработени во областите на планирање, селекција, подготовка, испорака, евалуација, промоција / дисеминација и следење на мерките.

Контакт семинарот ќе се реализира во Зандворт, Холандија од 13 до 15 Јуни 2018.

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2018/excursies-park-zandvoort-zandvoort-ZV_42842_43.jpgТаргет група:

- Таргет група за контакт семинарот се наставници од предучилишно и училишно образование

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано2 места за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 30.03.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Холандија.

 

 

Назад