ТАС настан: Повик за студиска посета Поатје, Франција

Тема на контакт семинарот:Pre-primary education, the schooling of young people from 2 to 6 years old : towards the quality of teaching

Цел:

Овозможување на учениците да ги совладаат основните вештини (читање, пишување, броење и почитување на другите) поголемо заложување на  градинките  или структури кои ги поздравуваат младите луѓе од 2 до 6 години, училишта за развој и јазици. Ќе бидат презентирани и дискутирани следните прашања:

  • Каква стратегија е потребна во предучилишното образование?
  • Каков систем на управување е потребен?
  • Кои средства и алатки?
  • Каква педагогија?

Учесниците треба да бидат заинтересирани за размена и развивање на добри практики, методи, материјали, алатки, педагошки пристапи и / или начини на работа во оваа специфична област. Учесниците исто така ќе добијат информации за можностите за соработка преку Еразмус + Програмата.

Специфичните цели се:

Споделување искуства, практики и образовни политики со други специјалисти од цела Европа на оваа тема. Откривање на можностите преку Еразмус + да одат понатаму на европско ниво.

Студиската посета ќе се реализира во Поатје, Франција од 13 до 17 мај 2019.

Таргет група: Еразмус + корисници: Предучилишно образование, школување на млади луѓе од 2 до 6 години.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано едно место за учесник од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

  • Патнитетрошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

  • Самиотучесник (индивидуално) најчестопокрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

  • Учесникот треба да покрие патот од аеродром Париз до Поатје, Франција.

Рок и начинзааплицирање

Рокот за аплицирање е до 22.04.2019година.

За да аплицирате за горенаведениот повик пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk со назнака Студиска постека Франција.

Назад