ТАС настан: ШТО СЕ ГРЕШИ? КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГРЕШКИТЕ ВО ERASMUS + ПРОЕКТИТЕ

ОБУКА

24-30 март 2019 | Унгарија

Обуката има за цел да им помогне на новите корисници на Еразмус + (младински работници, младински лидери и проектни менаџери) да ги идентификуваат најчестите грешки кога ги организираат Е + Младинските проекти, да изнајдат начини како да спречат настанување на вакви  грешки и да изнајдат алтернативни решенија кога ќе се појават.
Цели:

  • Да се идентификуваат кои се најчестите грешки во Е + проектите за време на подготовката, спроведувањето и следните фази;
  • Да се издвојат практики кои спречуваат тешки ситуации во Е + проектите и да пораснат шансите за добивање добри резултати;
  • Да се признае дека грешките се дел од циклусот на природно учење и дека можеме да учиме од нив;
  • Да се изнајдат стратегии и техники за управување и конструктивно справување со грешките во младинските проекти на организациско ниво;

Методологија
Програмата се состои од 5 целосни денови за обука и дополнително продолжен период на учење кој вклучува активности за поддршка пред и по обуката. Пред ТС учесниците се поканети да земат учество во онлајн активности, задачи и еден on-line состанок. После обуката, учесниците ќе креираат акционен план и тимот ќе им понуди on-line поддршка, вклучувајќи и две on-line сесии менторирање за групата.
За да се осигура дека оваа активност ги задоволи вистинските потреби по ова прашање, програмата за обука ќе биде дизајнирана откако претходно ќе се консултираат учесниците од НА за најчестите грешки што ги идентификуваат во E + проектите.


Работен јазик: англиски


Профил на учесниците:

  • Младински работници, младински лидери и проектни менаџери кои работат со младински организации и се почетници во програмата Е +, но веќе биле вклучени во организирање на еден или два проекти (во која било организациска улога: фасилитација, организирање, пишување на апликации, поддршка на учесници и сл.)
  • Планираат да организираат Е + во блиска иднина (програмата вклучува поддршка за вакви нови проекти)
  • Мотивирани се да работат на темата-учење преку грешки
  • Се во можност активно да учествуваат во периодот на обуката и продолжените активности за учење.
  • Број на учесници: 24 - 28 учесници

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 20 јануари 2019 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/what-could-go-wrong-how-to-deal-with-meestaeks-in-erasmus-projects.7679/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладини организации кои работат во полето на мобилности и неформално образование.

 

Назад