ТАС Настан: ТРЕНИНГ ЗА УМЕТНОСТА НА ВОДЕЊЕ ДИЈАЛОГ

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/2017/TCA-vienna.jpgТРЕНИНГ КУРС

24-28 МАРТ/ ВИЕНА АВСТРИЈА

Целта на обуката е поддржување на учесниците во подобро разбирање на корисни аналитички алатки за да ги анализираат нивните локални, регионални и национални реалности кога станува збор за вклученост на младите и Структуриран дијалог.

Од 2014 година имплементацијата на структурен дијалог во Австрија е многу успешна на локално, регионално и национално ниво.

Овој инструмент кој учествува во процесите на донесување одлуки во ЕУ стана важен дел од учеството на луѓето вклучени во младинската политика во Австрија и другите европски земји.

Со тренингот ќе ги поттикнеме учесниците да најдат добри стратегии и цели за да го донесат учеството на младите еден чекор напред. Сакаме да го сториме тоа со методи и ставови кои се покажаа како многу успешни во Австрија и во други европски земји во текот на последните години.

Дополнително, сакаме да споделиме методи кои ќе се користат за време на Европската младинска конференција која ќе биде домаќин Австрија во 2018 година.

 ПРЕДВИДЕНИ РЕЗУЛТАТИ:

  • Идентификување (нови) методи како да се вклучат младите луѓе и носителите на одлуки да работат заедно за свет кој ќе биде функционален;
  • Анализа на засегнатите страни, целите на проектите и структурите за учество на младите (како да се прават проекти кои вклучуваат многу различни засегнати страни - да добијат аналитички алатки за структурите за учество на младите);
  • Да се промовира дијалогот како став кон партиципативната култура;
  • Идентификување на факторите за успех и потенцијалните национални акупунктурни точки за промена на ставот кон младинското учество.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ:

  • Подготвени се да придонесат со идеи, искуства од полето на Структурен дијалог
  • Да се заинтересирани за нови контакти со проекти во Еразмус +;
  • Да имаат над 18 години
  • Познавање на англискиот јазик за комуникација.

 МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Настанот ќе се одржи од24-28 март 2018 во  Виена Австрија, а работниот јазик ќе биде англиски.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 28јануари 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/the-art-of-dialogue-training.6987/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и се засегнати со темата Структурен дијалог  во Македонија

Назад