ТАС Настан: Тренинг за Влијанието на Младинската работа

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-temperefinland.jpgТренинг курс

8-12 Мај 2017 | Тампере, Финска

Главната цел на овој тренинг е да се покаже зошто е важно мерењето на импактот од резултатите на работата на младите и Еразмус+ проектите.

Импактот од тренингот за Младинска работа се фокусира на тоа што всушност влијанието значи. Исто така се дискутира за причинити зашто влијанието треба да биде видливо и на кого треба тоа да се однесува во однос на нашите резултати од еваулацијата. На овој тренинг ќе имате можност да дискутирате за идеите од влијанието, ефективноста, еднаквоста и квалитетот во релација на природата на младинската работа.

Цели на тренингот се следниве:

  • Да се истражи влијанието на младинската работа на различни нивоа;
  • Да понудат практични алатки на учесниците со кои ќе го измерат на импактот на нивната работа;
  • Да се развијат компетенции за креирање на соодветен процес на еваулација кои се оддржливи за различни нивоа: млади лица, организации, локалната заедница и други засегнати страни;
  • Да се разберат принципите евалуација:

Деновите на тренингот се именувани спооред главните методи кои ќе се користат на самиот тренинг и тоа: Раскажување на стории за младинската работа, Трансформативна евалуација и детална дискусија. Секој ден вклучува симулација на методот, теорија и имплеметација на пракса на секој учесник.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 19 февруари 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/the-impact-of-youth-work-training.6236/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 1-2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад